Top Sport

Сестрата на Каваи Ленард уапсена поради убиство

Сестрата на Каваи Ленард, МВП на годинешното финале во НБА-лигата е обвинета за убиство.

Кимеша Монае Вилијамс на 31 август, заедно со својата пријателка нападнале 84 годишна старица, во тоалетот во едно казино во Лас Вегас. Тие две на старицата и нанеле тешки повреди на главата од кои несреќната жена починала на 4 септември, а ден претходно сестрата на Ленард и нејзината пријателка биле уапсени.

Кимеша и пријателката од старицата украле помеѓу 800 и 1.200 долари.

Денис Вудворт, тетка на обвинетата Кимеша, на локалните медиуми им открила дека таа е сестра на НБА-ѕвездата, Кави Ленард. Не е познато дали новиот играч на ЛА Клиперс го контактирал семејството, ниту пак се огласил по повод овој случај за да потврди дали во роднинска врска до уапсената.

Меѓутоа изјавата на тетката на судот му послужила за да не дозволат Кимеша да биде пуштена со кауција, за да се брани од слобода.

Кимеша претходно била осудувана за кражби и за обид за грабеж, а локалните медиуми открија дека таа и нејзината пријателка биле одговорни за кражба на паричник во казино пред четири години.

Инаку Каваи Ленард е еден од најдобрите играчи во светот, тој е досега два пати бил МВП на финалето. По завршувањето на сезоната ги напушти Торонто Репторс и потпиша четири годишен договор вреден 142 милиони долари со ЛА Клиперс.

Scroll to Top