Top Sport

Ајон ќе си замине од Реал

Реал Мадрид нема да му понудат нов договор на Мексиканецот Густаво Ајон. На неговото место ќе пристигне Американецот од Жалгирис Брендон Дејвис, објави „Марка“.

Ајон (34) во реал пристигна во 2014 година од редовите на Атланта Хокс. Минатата сезона беше еден од клучните играч во походот кон европската титула, а оваа сезона игра по системот „топло-ладно“. Во Евролигата Мексиканецот имаше просек од 8 поени и 6 скока.

Целта на Реал е за наредната сезона да го подмладат тимот поради што на АСјон нема да му понудат нов договор.

Реал на Жалгирис ќе им платат обесштетување за Дејвис, кој сезонава Евролигата ја заврши со просек од 14,2 поени, 5,5 скока и 2 асистенции. Американецот е поранешен играч на Монако.

Инаку Желгирис најде замена за Дејвис и веќе потпишале договор со центарот на Партизан Џок Лендејл.

Scroll to Top