Top Sport

Реал го договориле трансферот на Ериксен

Фудбалерот на Тотенхем Кристијан Ериксен кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, објави „Ел Чирингуито“. Данскиот репрезентативец ќе биде претставен како ново засилување на Реал по финалниот во Лигата на шампионите.

Тотенхем на 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе се бори за трофејот со ривалите од Премиер лигата, фудбалерите на Ливерпул.

Ериксен оваа сезона има одиграно 50 натпревари на кои забележал 10 гола и 17 асистенции. Неговиот договор со Тотенхем истекува на 30 јуни 2020 година, а според „Трансфермаркт“ на фудбалскиот пазар неговата вредност изнесува 85 милиони евра.

Ериксен е играч на Тотенхем од 2013 година, кога клубот од Лондон на Ајакс им платија 13,45 милиони евра.

Scroll to Top