Македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром се надева дека вечерва (20.30 часот) ќе дојде до првата победа во АБА лигата оваа сезона. Во четвртото коло, тимот на Студентски Центар ќе гостува во СЦ „Јане Сандански“.
МЗТ на стартот играше против трите најголеми фаворити, Црвена Звезда, Партизан и Будуќност, и запиша исто толку порази, па сега се надева дека може да стигне до привот триумф.
Американецот Бре Ајви смета дека тимот може да оствари победа на вечерашниот дуел.
„Наша цел е да истрчаме на теренот и да одиграме најдобро и најцврсто што можеме. Потребна ни е таа прва победа во АБА, за нас самите, ама и за навивачите кои ни даваат голема поддршка. Подтотвени сме, а тренерот во последниот период направи сè тимот да биде на потребното ниво да се добие натпревар во оваа екстремно силна конкуренција“, изјави Ајви.