Најдобрата екипа на Западната конференција во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс во првата рунда од плеј-офот ќе игра против Портланд Треил Блејзерс, а доколку поминат во следна рунда, „езерџиите“ во продолжение ќе носат посебни дресови, во чест на Коби Брајант.
Така тврди новинарот Бред Тарнер (Los Angeles Times).
Наводно, дресот во продажба ќе биде пуштен на 24. овој месец како симболичен датум поради двата броја на дресовите што ги носеше Брајант во кариерата.
Дресот е првпат претставен во 2018 година, а го осмисли токму трагично починатиот кошаркар на Лејкерси. Црната боја потсетува на бојата на кожа на змија, во чест на прекарот на Брајант „црна мамба“.
Nike will also be releasing a dual 8/24 “Black Mamba” Lakers jersey during “Mamba Week,” celebrating both chapters of Kobe Bryant’s career. pic.twitter.com/G2zq34Pqox
— Nick DePaula (@NickDePaula) August 13, 2020