Top Sport

Алибеговиќ ја засили Цедевита Олимпија

Кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија објави дека нов играч е крилниот центар Амар Алибеговиќ. Амар (26) е син на најдобриот стрелец во историјата на словенечката репрезентација, Теоман Алибеговиќ.

Амар Алибеговиќ со Љубљана пристигна од Виртус Болоња. Со овој тим минатата сезона го освои Еврокупот.

Роден е во САД, но кошаркарски се развиваше во Италија. Алибеговиќ со Цедевита Олимпија потпишана договор до крајот на кампањата 2023/24. Минатата сезона во Италија одигра 26 натпревари со 8,5 поени по натпревар, додека во Еврокупот забележа 18 настапи со 5,3 поени по натпревар.

Цедевита Олимпија претходно ги продолжи договорите со Едо Муриќ,и Ален Омиќ.

Scroll to Top