Репрезентативецот на САД, Џејсон Тејтум, поради повреда најмалку пет дена ќе отсуствува од тимот што го предводи од клупата Грег Поповиќ.
Тејтум, го повредил глуждот на левата нога, на вчерашниот меч против Турција, кој Американците среќно го добија по едно одиграно продолжение (93-92).
Играчот на Бостон Селтикс салата во Шангај ја напуштил со медицинска чизма на ногата, а дополнителните прегледи покажале дека ќе мора да мирува најмалку до понеделник.
Тоа значи дека Тејтум ќе ги пропушти двата натпревари што Американците ќе ги одиграат во новоформираната група и дека би бил подготвен за игра дури во четврт-финалето.
Во осмина-финалната група сигурен противник на САД ќе биде Бразил, а вториот ќе биде познат по дуелот помеѓу Грција и Нов Зеланд.
Доколку ја пропуштивте, погледнете ја возбудливата завршница од мечот Турција-САД, во која Турците им ја подарија победата на Американците.