Стеф Кари никогаш не играл на Олимписките игри, но тоа наскоро би можело да се промени затоа што кошаркарот на Голден Стејт Вориорс изразил желба да ги брани боите на својата земја следната година во Токио.
„Тоа е планот, сигурно. Знаете, да чукнам во дрво, не сакам повреда или такво нешто, да ми ги расипе плановите. Дефинитивно сакам да одам. Никогаш не сум бил во олимпискиот тим. Играв на две Светски првенства и имам две златни медали, но ОИ се искуството кое го посакувам. Се надевам дека ќе го направам тоа следната година“ – изјави Кари кој е двократен МВП во НБА лигата.
Кари стана светски шампион со САД во 2010 и 2014 година, а во својата колекција има и 3 НБА – престени.
Американците на СП во Кина доживеаја фијаско, завршија на 7 позиција, а помошта од Кари добро ќе им дојде во Токио.