Top Sport

Според платата само Гвардиола е пред Мурињо

Новиот менаџер на Тотенхем Жозе Мурињо е на второто место на листата на најплатените светски тренери.

Според „АС“, Мурињо во Тотенхем годишно ќе заработувал 17,5 милиони евра. На листата пред него е само менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола, со годишна плата од 23 милиони евра.

Зад Мурињо е стратегот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне (15 милиони евра), односно Рафа Бенитез кој за она што го работи Далијан годишно добива 13,5 милиони евра.

Меѓу првите десет на оваа листа се уште тренерот на Гвангжу Фабио Канаваро (12 милиони евра), Зинедин Зидан (Реал Мадрид, 12 милиони), Антонио Конте (Интер, 11 милиони), Томас Тухел (ПСЖ, 9 милиони), Ернесто Валверде (Барселона, 9 милиони) и Јирген Клоп (Ливерпул, 8 милиони).

Scroll to Top