Top Sport

Американец ќе стане Црногорец

Плејмејкерот на Будуќност Џастин Кобс ќе биде новиот репрезентативец на Црна Гора. Оваа информација ја потврди селекторот на репрезентацијата Бошко Радовиќ.

Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора веќе ја покренал процедурата со која 28 годишникот од Лос Анџелес ќе добие црногороско државјанство. Кобс ќе биде во комбинација за настап во квалификациите за Евробаскет 2021.

Пред Кобс дресот на Црна Гора го носеле Омар Кук, Тејлор Рочести, Тајрис Рајс, Џавонте Грин и Дерек Нидам.

Кобвс од оваа сезона е во Будуќност, а претходно играл за Цедевита, Баерн, Гравлен, Ле Ман и Рига.

Scroll to Top