Top Sport

Американецот Хокисон ја однесе Јапонија на ОИ во Париз

Кошаркарите на Јапонија ги совладаа Зеленортските Острови со 80:71 на Светското првенство и како најдобра азиска селекција на турнирот се пласираа на ОИ во Париз.

Апсолутен херој на Јапонците е Американцот Џош Хокинсон кој постигна 29 поени.

Ова беше чуден натпревар за Јапонија, речиси со шокантен епилог, иако ништо до последните десет минути не навестуваше големи проблеми за домаќинот.

Зеленортските Острови беа во нокдаун додека Јапонија, на крилата на Хокинсон (4/8 за три) и Томинага (4/8 за три), стигна до предност од 73:53 до крајот на последната четвртина.

Кога се очекуваше лесна работа и рутинирање на противникот, следеше шокантен пресврт. Тавареш и неговите соиграчи направија серија 13:0, па 15:1 и го внесоа натпреварот во целосна неизвесност за конечниот исход.

Јапонците застанаа, беа парализирани. Никој ништо не можеше да погоди. До последната минута тимот постигна само еден поен, по техничката грешка на Тавареш.

Хокинсон беше прецизен, а овој играч потоа погоди уште еднаш за 76:71. На спасување!
На крајот Јапонија слави голема победа и најважното – директен пласман на Олимписките игри.

Томинага застана на 22 поени и беше најдобриот Јапонец по Хокинсон, додека Таварес беше најпродуктивен во поразениот тим со 11 поени и 14 скока.

Scroll to Top