Top Sport

Американски кошаркар застрелан во глава, лекарите се борат за неговиот живот!

Кошаркарот на кипарски АЕЛ Лимасол, 23-годишниот Американец, Кори Мениголт е тешко ранет во пукотница ноќта меѓу саботата и неделата пред ноќен клуб во Никозија. Мениголт е хоспитализиран со тешки повреди и крварење во мозокот поради што е приклучен на апарати, а лекарите се борат за неговиот живот.

Покрај кошаркарот, повредени се и неговата девојка и сограчот Брендон Аверет, но тиа двајца поминале само со гребаници.

Локалната полиција соопштила дека е уапсен 46-годишен човек за кого постои сомнеж дека е напаѓачот. Во идентификацијата помагаат надзорните камери, а се уште не е познато што е мотивот за инцидентот.

Осомничениот ќе биде сослушан од надлежен судија, а ако се докаже негова вина, ќе му биде поднесена кривична пријава за обид за убиство.

Осомничениот бил лоциран откако полицијата добила дојава од болницата дека биле примени две лица во видно алкохолизирана состојба со надворешни повреди.

Scroll to Top