Фран Фрашила, познат американски кошаркарски тренер и новинар ги коментираше настаните од „вечното“ дерби. Финалната серија од АБА лигата меѓу Црвена звезда и Партизан ја одбележаа инциденти, петтиот меч од серија им припадна на црвено-белите со 80:77.
Навивачки инциденти ја обележаа финалната серија, сите се одвиваа според исто сценарио. Второто полувреме од мајсторката се играше пред празни трибини, откако судиите побараа навивачите да ја напуштат салата.
„Еден пријател ми ја испрати оваа слика од петтиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена Звезда. Тоа е крајно непријателска серија. Полувреме е и судиите одбија да се вратат на теренот. Поради оваа игра натпреварите Дјук – Каролина и Вориорс – Селтикс изгледаат како одмор во градинка“, напиша Фрашила.
A friend of mine just sent me this picture from Game 5 between Partizan and Red Star. It’s been an incredibly hostile series. It’s halftime & the referees refuse to come out. Makes Duke-Carolina or Warriors-Celts seem like kindergarten recess. CRAZY FANS! ??? pic.twitter.com/FGscXre3h3
— Fran Fraschilla (@franfraschilla) June 6, 2022