Top Sport

Американците броеја до 109, Грција немаше шанси

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави ја постигнаа втората победа во групната фаза на Мундобаскетот откако во Пасај ја совладаа селекцијата на Грција со резултат 109:81 (23:19, 27:18, 29:19, 30:25).

Иако избраниците на Димитрис Итудис подобро го започнаа натпреварот, Американците кон средината на првата четвртина ја презедоа иницијативата и успеаја да поведат.

Вториот дел целосно им припадна на Американците кои остварија двоцифрена предност, со која заминаа на одмор, а после тоа веќе стана јасно дека Грција тешко ќе приреди изненадување против првиот фаворит на турнирот.

На крајот, САД постигнаа 109 поени и стигнаа до поубедлива победа отколку против Нов Зеланд и се пласираа во втората фаза на СП.

Одлуката за вториот тим што ќе продолжи во следната фаза ќе ја донесе директната пресметка меѓу Грција и Нов Зеланд, додека Јордан ќе се збогува од Мундобаскетот по мечот против Американците.

Ривс со 15 поени ги предводеше САД до победата, Бренсон и Едвардс додадоа по 13, додека Портис постигна 10.

Кај Грција, Папајанис постигна 17 поени, а Рогкаволупулос 14.

 

Scroll to Top