Top Sport

Американците најголеми фаворити, ФИБА ги потцени Србија и Канада

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) излезе со првата прогноза за фаворитите за освојување медали на олимпискиот турнир во Париз.

На прво место очекувано се Американците, втори официјалните светски шампиони Германците, а на трет фаворит е домаќинот на турнирот Франција.

ФИБА во прогнозата ги потцени Србија и Канада, кои се на четвртото и петтото место, а се чини дека најмногу потценета е Шпанија која е осми фаворит на турнирот.

Апсолутни аутсајдери се Јапонија, Порторико и единствениот претставник на Африка, Јужен Судан.

Scroll to Top