Top Sport

Анадолу Ефес се засилија со НБА шампион

Актуелниот европски првак во кошарка, Анадолу Ефес, катастрофално влезе во сезоната во која ја брани титулата. Турскиот клуб нема победа во првите четири рунди. Шампионот падна пред Реал, ЦСКА, Асвел и Милано.

Лошиот старт ги натера клупските челници дополнително да го засили ростерот. Нови играч на Анадолу Ефес е Елајџа Брајант. Минатата сезона, Брајант играше во Макаби, во Евролигата имаше просек од 9,8 поени, три скока и две асистенции. Потоа се пресели во Милвоки Бакс. Во финишот на сезоната одигра 11 натпревари за Милвоки, а подоцна ја освои шампионската титула.

Пред почетокот на оваа сезона во НБА лигата, Милвоки решија да го отпуштат Брајант.

Брајант експресно си најди нов клуб, се врати во Европа и потпиша двегодишен договор со Анадолу Ефес.

Scroll to Top