Top Sport

Андреј Маслинко го засили КК Пелистер

Македонскиот кошаркарски вицепрвак Пелистер успеа да го доведе Андреј Маслинко. Македонскиот репрезентативец доаѓа во Битола откако ја прекина соработката со тимот на Гостивар.

Договорот на крилниот кошаркар со Пелистер засега е до крајот на сезоната.

Маслинко во кариерата има настапувано за Работнички, МЗТ Скопје, ТФТ и за Гостивар.

Со Маслинко во составот, Пелистер ќе се обиде да дојде до барем еден трофеј во македонската кошарка оваа сезона.

Scroll to Top