Кошаркарот на Феникс Санс, Лука Дончиќ, ќе биде избран за дебитант на годината во НБА лигата, покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе „ЕСПН“.
Младиот Словенец (19), летово беше избран како трет пик на драфтот од Феникс. Тој во анкетата на „ЕСПН“ добил 58 отсто од гласовите дека ќе биде најдобар руки. Втрото место во анкетата му припадна на соиграчот на Дончич, центарот Деандре Ејтон (24 отсто), а зад него е играчот на Сакраменто Кингс, Марвин Бегли (три отсто).
Наградата за руки на годината, НБА ја доделува од 1953 година. Низ историјата добитници биле легендарни играчи како Вилт Чембрлен, , Оскар Робертсон, Шекил О’Нил и Леброн Џејмс.
Минатата сезона наградата му припадна на Бен Симонс од Филалдлефија ’76.
Досега само еден играч од Европа успеал да ја добие наградата, тоа е Пау Гасол во 2002 година.