Грчкиот кошаркарски интернационалец, Јанис Адетокумбо ја освои својата прва НБА титула со Милвоки, а од клубот решиле да го изненадат, па го контактирале идолот на кошаркарот – легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри.
„Здраво, овде Тиери. Сакам да ти честитам и да ти кажам – конечно. Се сеќавам дека ми рече дека еден ден ќе бидеш шампион и дека ќе сториш се за да успееш. Успеа. Сигурен сум дека разбра дека не е поентата како ќе паднеш, туку како да станеш. Тие тоа го направи. За својот град, за тимот, за себе. Се обидоа да те срушат, не им дозволи, сега титулата ја донесе во Милвоки. Уживај, се гледаме наскоро шампионе. Го направи тоа што го вети“ порача Анри.
Адетокумбо остана без зборови и беше на раб на солзи додека слушаше.
„Ова е лудило, сакав да бидам Анри како дете. Кога бев млад татко ми играше фудбал, толку многу сакав да бидам како Тиери. Но се заљубив во кошарката. Оваа порака многу ми значи. Како што рече, успеавме заедно. Но мора да останеме приземни. Повторувам, оваа порака од легендата, тоа е голема работа. Тиери, ти благодарам“ рече кошаркарот на Бакси.
We surprised @Giannis_An34 with a special congratulatory message from his childhood idol, @Arsenal legend, Thierry Henry: pic.twitter.com/HPOKJwBTkX
— Milwaukee Bucks (@Bucks) August 12, 2021