Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Жалгирис 77:65 (16:18, 17:13, 15:14, 29:20) во 15.коло, во Евролигата. Перо Антиќ уште еднаш доминираше во одбраната, особено во последната четвртина, а за 19 минути имаше учинок од 5 поени, исто толку скока и 3 украдени топки.
Вистинска „војна“ водеа Звезда и Жалгирис на паркетот во белградската сала „Александар Николиќ“, која ја реши Дејан Давидовац во средишницата на последниот квартал.
Црвена звезда имаше проблеми во реализицијата за два поени, во еден момент имаа 15 отсто реализција, но со 100 отстотната реализција на слободните фрлања го држеа чекорот со Жалгирис.
Во финишот на полувремето домаќинот стигна до предност од девет поени, која Жалгирис експресно ја намали на два разлика на истекот на 20.минута.
Кош за кош се играше се до средишницата на последната четвртина кога Црвена звезда постигна четири тројки во серија, три од нив реализираше Давидовац и стигна до двоцифрена предност 60:50.
До крајот одбраната предводена од Антиќ не му дозволи на Жалгириз да ја оспори победата.
Давидовац мечот го заврши со 13 поени (3/3 за три, 4/4 слободни), а блескаше и Тејлор Рочести со „дабл-дабл“ од 16 поени и 10 асистенции, на кои придодаде уште и по 4 скока и украдени топки.
Жалгирис кој ја прекина низата од пет победи го предводеше Кевин Пангос со 17 поени, 7 скока и 3 асистенции.