Кошаркарите на Црвена звезда, во 12.коло во АБА лигата, во Бар го совладаа Морнар 82:74. Регионалниот шампион ја забележа седмата победа во низа и се израмни на челната позиција со екипата на Будуќност, со 10 победи и два порази.
Играчите на Црвена звезда за нешто помалку од 48 часа и евролигашката победа во Валенсија гостуваа во Бар и очекувани бавно влегоа во натпреварот. Морнар тоа го искористи и со беспрекорен шут од поле (80 отсто) ушѕе во првиот период успеа да создаде двоцифрена разлика.
Разлика од 13 поени во полза на противникот ги раздвижи „црвено-белите“, кои започнаа да ја намалуваат негативата, во финишот на првото полувреме Црвена звезда го презеде водството кои не го испушти до крајот.
Имаше Црвена звезда во третиот период три пати плус ос 13 поени, но Морнар не се предаде. Во последната четвртина домашните кошаркари два пати се доближија на пет поени негатива, но одбраната на Црвена звезда во која доминираше Перо Антиќ не дзовли целосен пресврт.
Антиќ не постигна ниту еден поен (0/4 за три, 0/1 за два), но имаше 11 скока и по една асистенција и украдена топка. Искусниот македонски играч на кошаркарите на Морнар им дозволи само два офанзивни скока во текот на натпреварот.
Црвена звезда ја предводеа Стефан Јанковиќ и Џејмс Фелдин со по 18 поени. Ист број на поени и девет скока на спротивната страна постигна поранешниот играч на Куманово и МЗТ, Урош Луковиќ.