Македонскиот интернационалец Перо Антиќ вечерва нема да биде во составот на Црвена звезда за натпреварот со Олимпијакос, тим со кој во 2012 и 2013 година ја освои Евролигата.
Крилниот центар во изминатиот период ги пропуушти дуелите со Макаби во Тел Авив во Евролигата и МЗТ во Скопје во регионалната АБА лига.
Антиќ (35) оваа сезона има одиграно 14 натпревари во Евролигата со просечен учинок од 7,4 поени, 3,5 скока, 1,1 асистенција и 0,9 украдени топки по натпревар.
Покрај Антиќ против Олимпијакос нема да настапи ниту бекот Џејмс Фелдин. Овие двајца треба да бидат во тимот в понеделник кога Црвена звезда во вечното дерби ќе го пречека Партизан.
Против Олимпијакос деби во новиот тим треба да има Ален Омиќ кој на почетокот на неделата ја засили центарската линија на Црвена звезда.