Top Sport

Антиќ и Црвена звезда ќе добијат нов тренер?

Откако остана без титулата во АБА лигата и по поразот од Борац во Чачак, во рамките на српската Супер лига, челниците на кошаркарскиот клуб Црвена звезда започнале да ја разгледуваат опцијата за смена на тренерската позиција, објавија во четвртокот неколку медиуми во Србија и Црна Гора.

Како најсериозен кандидат за наследник на актуелниот тренер на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ, фигурира тренерот на Морнар од Бар, Михајло Павиќевиќ.

Овој искусен тренер, сезонава со Морнар го освои четвртото место во АБА лигата, а во плеј-офот беше елиминиран од Црвена звезда со 2-1 во победи. Исто така Морнар играше во финалето на Купот на Црба Гора, а ФИБА Европа купот стигна до четврт-финалето.

Ваквите новинарски написи не ги коментираат од Црвена звезда, додека од Морнар изјавиле дека не добиле никаква понуда за Павиќевиќ, но доколку стигне понудата тие нема да му пават пречи на тренерот да се пресели во Белград.

Инаку, Михајло Павиќевиќ во 1998 година токму со Црвена звезда ја освои шампионската титула во првенството на СР Југославија.

фото: starsport

Scroll to Top