Top Sport

Оклахома намали против Јута, Торонто води против Вашингтон (Видео)

Оклахома Тандер ја намали предноста на Јута Џез на 2:3, Хјустон Рокитс преку Минесота Тимбервулвс изборија пласман во конференциското полу-финале, а Торонто Репротс поведе против Вашингтон Визардс 3:2, во НБА плејофот.

Окхалома Тандер славеше со 107:99 во дуелот против „џезерите“ од Солт лејк Сити, во петтиот меч од серијата. Јута има предност 3:2, шестиот меч ќе го игра на домашен терен. Расел Вестбрук и Пол Џорџ постигнаа две третини од поените на оклахома.

Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата со 45 поени, 15 скока и седум асистенции. Вестбрук 33 коша постигна во второто полувреме. Џорџ го следеше со 34 поени и осум скока.

Најефикасни играчи на Јута беа Џае Краудер со 27 поени и осум скока, односно Донован Мичел со 23 поени. Европејците Руди Гобер и Рики Рубио забележаа „дабл-дабл“, Французинот имаше 11 поени и 10 скока, а Шпанецот 10 поени и 12 скока.

„Ракетите“ од Хјустон со 4:1 ја решија серијата против Минесота Тимбервулвс. Петтиот меч од серијата Хјустон го доби со резултат 122:104.

Екипата од Тексас ја предводеше Клинт Капела со 26 поени и 15 скока, а двоен ефект имаше и Џејмс Харден (24 поени, 12 асистенции).

Најефикасни кај „шумските волци“ беа Карл-Ентони Таунс со 23 поени и 14 скока, односно Џамал Крафорд со 20 поени.

Хјустон во полуфиналето на Западот ќе игра против победникот од серијата помеѓу Јута Џез и Оклахома Тандер (3:2).

Торонто Репторс уште еднаш ја искористи предноста на домашниот терен и забележа победа над Вашингтон 108:98. Торонто води 3:2 во серијата, во која досега тимовите максимално ја користат предноста на домашниот терен.

Демар Дерозан уфрли 32 поени, неговиот партнер од бековската линија Кајл лаури уфрли 17 поени, а Литванецот Јонас Валанчунас имаше ефект од 14 поени и 13 скока.

Визардс ги предводеа Џон Вол со 26 поени и по девет скока и асистенции, односно Бредли Бил со 20 поени.

Scroll to Top