Перо Антиќ и неговата Црвена звезда ја одбранија српската титула, откако со 97:88 ги совладаа ФМП за 3:0 победа во финалната серија.
Тимот на Миленко Топиќ очекувано доминираше против ФМП, во меч во кој блескаше Ален Омиќ со 20 поени, 11 скокови и 3 асистенции, а Џејмс Фелдин постигна 17 поени.
За Антиќ ова е прва титула во шампионатот во Србија, откако во првиот престој во Звезда од 2005 до 2007, 35-годишниот поранешен македонски репрезентативец не освои титула.