Top Sport

Антиќ на прошталниот меч ги носи Дончиќ и Хорфорд

Легендата на македонската кошарка и единствениот Македонец кој играл во НБА лигата, Перо Антиќ планира да каже збогум на кошарката со спектакл во Скопје, за кој ветува дека ги има обезбедено Лука Дончиќ и Ал Хорфорд.

Во интервју за „Антена 5“, Антиќ вели дека има понуди да заигра за повеќе европски клубови, но дека кариерата ќе ја заврши во Македонија, најверојатно во Работнички или МЗТ.

„Не сакам многу да откривам за настанот, но можам да потврдам дека Дончиќ и Хорфорд сигурно ќе дојдат заедно со многу други поранешни соиграчи. Ќе дојдат и тренерите со чија заслуга го направив тоа што го направив во мојата кариера. „Пред неколу недели одбив понуда од Армани Џинс Милано бидејќи во моментов мислите ми се насочени на друго место. Што се однесува до можноста за враќање во Работнички, тоа прв пат се спомна со претходниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски со кого имаме меѓусебна почит, а исто одлични односи имам и со сегашниот градоначлник Саша Богдановиќ. Засега нема ништо конкретно, треба прво да се исполнат одредени услови, ќе видиме што ќе излезе од тоа“, изјави Антиќ за „Антена 5“.

Scroll to Top