Top Sport

Мората и официјално во Атлетико: Сите знаат што ми значи овој клуб

Алваро Мората, конечно, ја комплетираше 18-месечната позајмица од Челси во Атлетико Мадрид со опција за купување, по што сакаше да ги разубеди лутите навивачи кои не сакаат да му простат што играл за лутиот ривал Реал.

26-годишниот Мората ќе добие намалена плата (во Челси земаше 120.000 фунти) и сега сигурно останува на „Ванда метрополитано“ оваа сезона и следната.

„Горд сум што сум тука. Едвај чекам да почнам со тренинзи и да се сретнам со новите соиграчи“, вели Мората.

Тој помина четири години во Атлетико како фудбалер на академијата, по што двапати играше за Реал Мадрид, со пауза во Јувентус, пред во 2017 да замине во Челси, каде што имаше 10 гола во првата половина од неговата сезона. Но, потоа тој постојано се мачеше со формата и повредите, но и со мотивацијата во Англија, признавајќи дека е носталгичен за Шпанија и Италија (од каде е неговата сопруга).

Дел од навивачите на Атлетико беа лути на неговото доаѓање, но Мората не сакаше да се извини за својата историја.

„Нормално е луѓето да имаат различни мислења за тоа дали треба да се игра за Атлетико и Реал. Знам дека јас можам да го направам тоа. Јас почнав со фудбалот во Атлетико и луѓето знаат од каде сум, од каде е мојата историја. Минатото е минато, и горд сум на тоа“, вели Мората.

Scroll to Top