Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ ќе биде во протоколот за првенствениот натпревар што Црвена звезда, вечерва, ќе го одигра против Златибор.
Враќањето на Антиќ во тимот го најави тренерот на црвено-белиот тим, Миленко Топиќ.
„Ме радува враќањето на Перо Антиќ во нашиот тим. Ни недостигаше на повеќе начини, на теренот и надвор од него. Тој ќе биде во протоколот, а дали ќе игра ќе решиме непосредно пред почетокот на натпреварот“, рекол Топиќ.
Антиќ, поради повреда пропушти најголем дел од сезоната, а неговото отсуство најмногу се почувствува во финалната серија, во АБА лигата, која Црвена звезда ја загуби од Будуќност 1:3 и на црногорскиот првак му ја предаде регионалната круна.