Црвена звезда го обезбеди првото место во регуларниот дел од регионалната АБА-лига, откако на гости кај Игокеа во Босна и Херцеговина стигна до 82:76 победа, а македонскиот ветеран Перо Антиќ имаше добра партија со 11 поени.
Комбинирано со поразот на Будуќност од Партизан, „црвено-белите“ ја обезбедија првата позиција пред плеј-офот, иако во Лакташи немаа најдобар натпревар и се намачија додека стигнаа до победа .
Звезда почна добро, но Игокеа не дозволи да се направи голема предност и Звезда имаше само 45:42 на полувреме. Српскиот тим дури во последната четвртина успеа да направи пресврт, за последната четвртина да ја добијат со 22:11 за конечни 82:76.
Рочести беше одличен со 23 поени, додека Антиќ беше втор најефикасен со 11 поени. Кај Игокеа најдобри беа Јевтовиќ со 17 поени и Радивоевиќ со 12.
П АБА лига