Кошаркарот на Голден Стејт Вориорд – Ендрју Вигинс е вакциниран против Ковид 19 и ќе може да настапува на домашните дуели во Сан Франциско. Таму важи правилото дека само вакцинирани можат да присуствуваат на спортски случувања. Вигинс бараше да биде исклучок заради верски убедувања, но НБА лигата го одби неговото барање.
„Опцијата беше да примам вакцина или веќе да не играм во НБА. Се надевам дека за 10 години се ќе биде во ред и дека се уште ќе сум здрав“ вели тој.
Доколку не ја примеше вакцината, тој нема да можеше да тренира и да игра натпревари на домашен терен, а сето тоа ќе го чинеше над 15 милиони долари. Разочаран е што беше принуден да го направи тоа.
„Се чини дека ако сакаш да работиш, не си веќе господар на своето тело, се се наведува на тоа. Ако сакаш да си дел од денешното општество, мораш да се водиш по правилата кои ги воведоа. Се надевам дека има многу луѓе кои се посилни од мене и ќе продолжат да се борат во она во што веруваат и дека со нив се добро ќе заврши“ смета Вигинс.
Тој истакнува дека во неговото семејство никој не е вакциниран.
„Тоа не е нешто во што веруваме, тие знаат дека бев приморан тоа да го сторам ако сакам да играм кошарка. Имам 26 години, имам две деца и сакам да направам нешто за да ја осигурам нивната иднина. Затоа ризикував и се надевам дека се ќе биде во ред“ заклучи кошаркарот.