Top Sport

Кјелини за расистичките навреди во Фиренца: Срам ми е што сум Италијанец!

Во Италија повторно главна вест во спортските медиуми е расизмот на фудбалските навивачи. Навивачите на Фиорентина во Фиренца упатија навреди поради бојата на кожата на тројца играчи на Наполи – Виктор Осимен, Андре-Френк Замбо Ангусу и Калиду Кулибали.

Својот став за целата ситуација го искажа и долгогодишниот италијански репрезентативец, дефанзивецот на Јувентус – Џорџо Кјелини

„Потребни ни се закони и правила, тоа е најважно. Срам ми е што сум Италијанец и човек кој е роден во Тоскана (роден е во Пиза), затоа што за мене Италија не е земја на расисти. Нешто мора да се направи, затоа што вака испраќаме лоша слика во светот“ вели Кјелини.

Минатиот месец Серија А покрена процес против Лацио затоа што фановите на расна основа упатија навреди до играчите на Милан – Бакајоко и Кеси.

Scroll to Top