Top Sport

Апсолутен рекорд – Поповиќ по 2.000 пат го предводеше Сан Антонио

Легендарниот Грег Поповиќ стана апсолутен рекордер во НБА лигата. Во Бостон тој го запиша 2.000 натпревар како тренер на Сан Антонио Спарс. Ниту еден тренер досега не предводел еден тим на толку натпревари во лигата.

Јубилејот, Поповиќ, го обележа со победа над Бостон 99:97.

„Што ми значи овој рекорд? Значи дека сум стар, дека многу време сум поминал на едно место, дека сум работел со многу врвни играчи…“, рекол Поповиќ.

72-годишниот тренер го предводи Сан Антонио од 1996 година, има скор од 1.325 победи и 675 порази. Со Спарс пет пати бил шампион во НБА лигата.

Според бројот на победи во лигата, пред Поповиќ се само Лени Вилкинс 1.332 и Дон Нелсон 1.335. Веројатно, Поповиќ, до крајот на сезоната ќе го урне и овој рекорд.

Scroll to Top