Top Sport

„Армејците“, сепак, помоќни од Фенербахче

Искусните „генерали“ Даниел Хакет и Вил Клајбурн го предводеа тимот на ЦСКА Москва до 92:76 победа над Фенербахче во првиот меч од четврт-финалето на Евролигата, не дозволувајќи гостите да направат изненадување.

Хакет заврши со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека Клајбурн имаше 20 поени, а двајцата одиграа и клучан улога во одбраната во последната четвртина за да го победат ослабениот турски клуб.

Фантастичниот Нандо де Коло постигна 22 поени во првото полувреме и заврши со 27, но тоа не беше доволно за ослабениот Фенер, кој играше без Јан Весели и уште пет кошаркари. Сепак, турскиот клуб имаше 68:67 водство последната четвртина, пред ЦСКА да се одвои.

Scroll to Top