Асистентот во стручниот штаб на Голден стејт Вориорс, Мајк Браун, ќе потпише четиригодишен договор за да стане главен тренер на Сакраменто Кингс.
Според „ESPN“, договорот е постигнат во неделата. Единствена цел на Браун ќе биде да го прекине најдолгиот плеј-оф пост во историјата на НБА. Кингс 16 години не успеваат да дојдат до плеј-офот.
Браун ќе остане во стручниот штаб на Стив Кер до крајот на актуелната сезона.
Мајк Браун е седум сезони во Вориорс, а претходно имаше скор 347-216 како главен тренер на Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Лејкерс. Тој беше прогласен за тренер на годината во 2007 година, кога со Кливленд стигна до големото финале.
Вориорс моментално водат со 2-1 во второто коло од плеј-офот против Мемфис Гризлис.