Француски Асвел објави дека се разделил со италијанскиот тренер Џанмарко Поцеко. На негово место клубот го назначи Пјерик Пупе. Поцеко на клупата на Асвел се задржа нецели три месеци, кога го замени Ти-Џеј Паркер.
Во првиот професионален ангажман ќе му помагаат Џозеф Гомис и Карим Атамна. Пупе на клупата ќе дебитира во вторник од 20:30 часот во Евролигата против Црвена звезда.
Ниту победата над Жалгирис со која ја прекина црната серија не можеше да го спаси од Поцеко од отказ.
Асвел моментално е претпоследен во елитното натпреварување со скор од три победи и 16 порази.
Тимот од Лион е четврти во францускиот шампионат со учинок 12-5 и е зад Монако, Бург и Париз.