Top Sport

Атаман: Ако Шарас ги докаже обвинувањата, ќе поднесам оставка

Големото дерби во Евролигата помеѓу Анадолу Ефес и Барселона имало трето полувреме, во кое главни катери биле тренерите Ергин Атаман и Шарунас Јасикевичиус.

Натпреварот заврши со победа на Анадолу Ефес 96:96, а по мечот Јасикевичиус го обвини домаќинот дека неговиот тим бил шпиониран.

Се започна веднаш по завршувањето на натпреварот. Кога го поздравувал Атаман, Јасикевичиус рекол „Добра камера“ алудирајќи дека Турците ја шпионирале Барселона.

Аман не му остана должен на прес-конференцијата.

„Шарас не се јави, но го чекам неговото извинување. По натпреварот, тој дојде до моите помошници и ми рече: „Направивте одлична работа што го снимивте нашиот тренинг, честитки.“ Ова е многу сериозно обвинување. Го предизвикувам Шарас да го докаже тоа. Никогаш не сме се спуштиле на ова ниво за четири години. Доколку го докаже тоа, ќе поднесам оставка од функцијата тренер на Анадолу Ефес. Но, ако не може да докаже, треба тој да поднесе оставка“, рече Атаман.

Инаку, темпераментниот Јасикевичиус и во текот на натпреварот го привлече вниманието, кога во финишот на третата четвртина го избрка во соблекувалната Никола Калинќ. Шарас не бил задоволен како Калинќ играл во одбраната и најави дека тоа е интерен проблем и на тој начин ќе биде решен.

 

Scroll to Top