Top Sport

Атаман и Скариоло разочарани: Во Тбилиси нема гледачи на трибините

Селекторот на Турција Ергин Атаман и неговиот шпански колега Серхио Скариоло останаа разочарани од посетеноста на натпреварите во групата А на Евробаскетот што се игра во Тбилиси, Грузија.

Турција во првото коло ја совлада Црна Гора, а Бугарија ја чека во второто коло од 16.15 часот.

„Имаме големи цели и мораме да ги минимизираме грешките. Сакам да видам поголема флуидност во играта на двете страни од теренот. Можеби бевме возбудени против Црна Гора поради стартот на турнирот, а можеби и поради недоволната концентрација бидејќи атмосферата овде е многу лоша. Воопшто нема гледачи освен кога игра Грузија… По долги години во Евролигата, да се доживее вакво нешто на ваков турнир… Мислам дека во салата имаше 100 луѓе“, изјави Атаман.

Скариоло, чиј тим на стартот играше против Бугарија, со повеќе хумор пристапи кон проблемот. Бекот на Шпанија, Американецот Лоренцо Браун, зборуваше за тоа дека неговите пријатели и семејството ги следат натпреварите на Шпанија, на што Скариоло рече:

„Сигурен сум дека повеќе роднини на Лоренцо го гледаа натпреварот онлајн отколку што имаше луѓе во салата.

Шапнците во второто коло ќе играат веројатно пред полна сала, бидејќи за противник ја имаат Грузија.

Scroll to Top