Top Sport

Кевин де Брујне: Не ми е жал за Ливерпул, и ним не им би било жал за нас!

Белгискиот фудбалер Кевин де Брујне кој со Манчестер Сити ја освои шампионската титула во Премиерлигата во разговор со медиумите на Островот вели дека не му е жал што Ливерпул повторно не стигна до тутулат затоа што смета дека ниту на „црвените“ не им би било жал да се на нивно место.

„Граѓаните“ стигнаа до титулата со само 1 бод повеќе од „црвените“ благодарејќи на 14-те последователни победи на крајот на сезоната.

„Тоа е неверојатен подвиг, но тоа значи дека бевме подобри од нив на крајот. Не ми е жал за нив, затоа што мислам дека и ним не им би било жал за нас. Мислам дека никому не му е жал како завршило се во Лигата на шампионите. Знам како се чувствуваат, разочарани се, и ние би биле тоа да ни се случеше нам“ – вели Де Брујне.

Белгиецот сезонава поради повреда одигра само 18 меча во Премиерлигата.

„Не беше баш најзабавна сезона, Една од оние години која започна со две тешки повреди. Се вратив на вистинскиот начин, но очигледно моето тело не можеше да ги поднесе сите мечеви. Добро е да си со тие момци при освојување на наградите“ – смета белгискиот фудбалер.

Scroll to Top