Top Sport

Атаман обвинува – Полицијата ги нападна нашите кошаркари

Турската репрезентација нема да се повлече од Европското првенство, изјави селекторот Ергин Атаман ден по инцидентот на дуелот со домаќинот на групата А, селекцијата на Грузија.

Грузијците по две продолженија ја победија Турција со 88:83, но натпреварот го одбележа инцидентот, кој за малку не се претвори во тепачка помеѓу Фуркан Коркмаз и Дуда Санадзе. Турците тврдат дека Коркмаз потоа бил нападнат пред соблекувалната. ,

Челниците на турската федерација најавија можност да се повлечат од шампионатот доколку не добијат снимка од безбедносните камери на кои се гледа како тројца грузиски играчи го напаѓаат Коркмаз, но Атаман ја испушта топката…

„Не размислуваме за напуштање на турнирот, но не можеме да продолжиме вака. Како ќе играме вака? Сите се жалат. Зборував со црногорскиот селектор, со Серџо Скариоло… Што е со оваа организација?“, праша Атаман, кој веќе се жалеше на долгите трансфери од хотелот до салата, несоодветната храна за играчите…

„Сè е скандалозно на овој турнир“, додаде тој.

Потоа се осврна на неделниот инцидент кој ги шокираше сите.

„Мислите дека вакви работи се случуваат во НБА. ФИБА мора да ги заштити играчите. Полицијата ги нападна нашите играчи и нашиот потпретседател во соблекувалната. Ова е скандал“.

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Турција, Хидајет Туркоглу, амбасадата и конзулот ја следат ситуацијата во Тбилиси.

„Сите се вклучени во заштитата на нашите играчи и стручниот штаб“, потенцираше Атаман, чија репрезентација во вторник игра против Црна Гора.

Турција има скор 2-1, а Грузија 1-2.

Scroll to Top