Top Sport

Атланта ги „разби“ Никс и дојде на чекор до полуфинале на Истокот

Атланта хокс стигнаа до убедлива 113:96 победа над Њујорк никс за да поведат со 3:1 во четврт-финалето на Источната конференција во НБА лигата.

Њујорк успеа да се држи блиску до Хокс во текот на првото полувреме, кое Атланта го доби само 4 поени предност (53:49), но во третата четвртина играта на Никси се распадна и Атланта направи двоцифрена предност, која достигна максимални 26 поени.

Треј Јанг беше најефикасен со 27 поени и 9 скока, додека Џо Колинс имаше 22 поени и 8 скока, додека кај поразените Никс, Џулиус Рендл заврши со 23 поени, 9 скока и 7 асистенции.

Scroll to Top