Top Sport

Атланта го прекина победничкиот чекор на Денвер, ЛА Лејкерс подобар од Милвоки

Кошаркарите на Атланта Хокс го совладаа Денвер Нагетс со 117:109 и го прекинаа победничкиот чекор на гостите. На Денвер не му помогна ниту добрата игра на Никола Јокиќ со 24 поени (10/15 од поле, 3/6 за тројки, 1/4 слободни фрлања), 10 скока и осум асистенции. Тој беше блиску до нов трипл-дабл ефект но неговата игра не беше доволна за Нагетс да ја забележат петтата последовна победа во НБА лигата.

Во редовите на победничкиот тим најдобар беше Дижонте Мареј со 34 поени и осум асистенции или Еј Џеј Грифин со 24 поени. Клинт Капела забележа дабл-дабл, 12 поени и 11 асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс го победи Милвоки на гости со 129:133. Блескаше Ентони Дејвис со 44 поени и 10 скока, а Јанис Адетокумбо кај Милвоки постигна 40 кошеви.

Мајами Хит по продолжение во „ТД Гарден“ го совлада Бостон Селтикс со 116:120. Бем Адебајо со 28 поени и Тајлер Хироу со 26 поени беа најзаслужни за триумфот на „жешките“. Џејлен Браун од Бостон со 37 поени беше најефикасен на мечот.

Феникс, кој е првопласиран на Западот, загуби дома од Хјустон со 121:122. Џелен Грин уфрли 30 поени за победничкиот тим, а на Феникс не му помогна ниту Девин Букер кој беше расположен и постигна 41 поен.

НБА, резултати: Шарлот – Вашингтон 117:116, Атланта – Денвер 117:109, Бостон – Мајами 116:120, Бруклин – Торонто 114:105, Кливленд – Орландо 107:96, Миволки – ЛА Лејкерс 129:133, Мемфис – Филаделфија 117:109, Сан Антонио – Њу Орлеанс 99:117, Феникс – Хјустон 121:122, Јута – Индијана 139:119, Голден Стејт – Чикаго 119:111.

Scroll to Top