Top Sport

Атланта и Њу Орлеанс изборија место во плејофот

Атланта Хокс и Њу Орлеанс Пеликанс изборија место во плејофот, во НБА лигата. Атланта ги победи Кливленд Кавалирс со 107:101, а Њу Орлеанс славеа против ЛА Клиперс со 105:101. Во плејофот Атланта ќе игра против Мајами Хит, а Њу Орлеанс против Финикс Санс.

Атланта до победата над Кливленд ја предводеше Тре Јанг. Најдобриот играч на Хокс во второто полувреме постигна 32 поени, натпреварот го заврши со 38 поени, три скока и девет асистенции. Одличен меч одигра и Богдан Богдановиќ (19 поени, пет скока, две асистенции).

Кај Кавалирс се истакнаа Лаури Марканен со 26 и Даријус Гарланд со 21 поен.

Атланта, првиот меч од серијата со Мајами ќе го одигра во недела.

Њу Орлеанс успеаја да ги изненадат ЛА Клиперс. Брендон Инграм постигна 30 поени, на кои придодаде по шест скока и асистенции, во победата 105:101. Кај Клиперси најдобри беа пол Џорџ и Маркус Морис со по 27 поени.

Scroll to Top