Top Sport

Атланта им зеде мерка на Јаник и Милвоки, Мајами со драматичен триумф против Феникс

Атланта многу полесно од очекуваното ги победи Милвоки Бакс на гости со 106:121. Ниту Јанис Адетокумпо не помогна со 27 поени, затоа што Хокс играа одлична одбрана цела вечер и на крајот дојдоа до победа во која Хантер и Јанг додадоа 45 поени. Два од последните три порази на Милвоки се против Атланта, а ова е нивни прв пораз сезонава пред домашните навивачи.

Шарлот Хорнетс со победа ја прекинаа серијата од осум порази. На Флорида славеа против Орландо со 105:112. Седум играчи, меѓу нив сите стартери беа двоцифрени за гостите од Северна Каролина, Ламело Бол и Розиер постигнаа по 17, Пламли имаше дабл-дабл, 18 поени и 10 скока.

Исто така во Флорида, Мајами ги победи Феникс Санс со 113:112 во дербито на вечерта. Тие се вратија од 13 поени негатива во последната четвртина, а Феникс промаши три шута за победа. Камерон Пејн промаши положување, потоа Батлер го блокираше Букер, а од вториот обид најдобриот стрелец на гостите не погоди и победата остана за Мајами Хит.

Батлер заврши со 16 поени, 13 скока и 7 асистенции, тој и Бем Адебајо го носеа тимот до триумф 30-те поени на Адебајо и двете слободни фрлања на половина минута до крајот се покажаа како клучен момент, заедно со одличната дефанзивна работа на Џими Батлер. Кај Санс, Букер постигна 25 поени.

Бостон Селтикс ја архивира и Оклахома со 126:122. Тоа е седма последовна победа за Селтикс, но до неа не дојдоа лесно. Маркус Смарт одигра одлично второ полувреме, постигна 20 од 22 поени во продолжението, додаде осум асистенции и пет скока. Тејтум броеше до 27.

Кај Оклахома одличен беше Покушевски, со 16 поени, 14 скока, по три асистенции и блокади.

Scroll to Top