Top Sport

Атланта ја продолжи победничката низа, Бостон убедлив во Чикаго

Кошаркарите на Бостон на гости го совладаа Чикаго со 94:117. Најефикасен во тимот на Бостон беше Џејлен Браун со 25 поени и седум скока, Ал Хорфорд забележа „дабл-дабл“ со 17 поени и 10 скока, додека Џејсон Тејтум постигна 16 поени, 10 скока и осум асистенции.

И двете екипи претходно обезбедија пласман во НБА плеј-офот.

Атланта на домашен терен го победи Вашингтон со 118:103 и дојде до шестиот триумф во последните седум натпревари од НБА лигата. Атланта е осмопласирана на табелата во Источната конференција со 42 победи и 38 порази, а претходно обезбеди пласман во плеј-офот, додека Вашингтон е на 12. место без никакви шанси за доигрувањето.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во победничкиот тим постигна 18 поени, четири асистенции и два скока и постави личен рекорд во сезоната со шест тројки. Кај гостите Кристапс Порзингис имаше „дабл-дабл“ со 26 поени и 18 скока, а Кори Кисперт и Даниел Гефорд додадоа по 12 поени.

Јута беше подобра од Оклахома со 137:101 и дојде до петтата врзана победа на домашен терен. Во победничкиот тим хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ постигна 27 поени, а „дабл-дабл“ ефект имаше и Руди Гобер со 20 поени и 10 скока. Кај гостите Џејлен Хорд постигна 23 поени, а Ајзак Роби и Џеремаја Робинсон-Ерл по 18 поени.

Бруклин Нетс славеа на гости со 98:110 против Њујорк Никс, а Далас Маверикс беше убедлив против Детроит Пистонс (113:131). Лука Дончиќ беше блиску до „трипл-дабл“ со 26 поени, 14 скока и осум асистенции. Лос Анџелес Клиперс го победи Феникс Фанс со 113:109.

Scroll to Top