Филаделфија Севентисиксерс, во Атланта, изборија мајсторка за пласман во финалето на Истокот. Шестиот меч кошаркарите на Филаделфија го добија со 104:99.
Севентисиксерс, со исклучок на првата четвртина, имаа предност, Атланта го следеше нивниот ритам, но не успеа во финишот да направи пресврт. Во последните минути, се случи инцидент, кога настана голема мешаница на теренот, по грубиот фаул на Џоел Ембид врз Џо Колинс.
Проблем за Атланта е повредата на Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец поради повреда на десното колено не играше во второто полувреме.
Тобајас Херис и Сет Кари со по 24 поени ја предводеа Филаделфија, Џоел Ембид забележа 23 поени и 13 скокови.
Во редовите на Атланта блескаше Тре Јанг со 34 поени, 12 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки, Кевин Хуртер постигна 17 поени, на кои придодаде 11 скокови.
Мајсторката во Филалделфија на програмата е во понеделник.