Кошаркарите на АВ Охрид се последните шести патници во Суперлигата, откако на гостувањето кај Карпош Соколи победија со 99:90 во последното 22. коло од редовниот дел на Првата лига.
Со победата, охриѓани се приклучуваат на Работнички, МЗТ Скопје, Блокотехна, Куманово и Гостивар во борбата за титулата, бидејќи ќе се играат 10 гола во кои ќе одлучи последната четворка за плеј-офот. Доколку Карпош успееше да победи на местото на АВ Охрид ќе се пласираше тимот на Фени индустри.
Фото: КК АВ Охрид