Top Sport

ММА: „Маринката“ го доби најкрвавиот меч оваа година (видео)

Иако мечот се случи минатиот викенд, тој уште предизвикува внимание како еден од најкрвавите оваа година.

Во главна улога е Калин Шварц, поранешен припадник на американските Маринци, која ја победи Кеј Хансен со технички нокаут во меч кој судијата сигурно требаше да го прекине предвреме. Мечот заврши по 4:27 во втората рунда.

28-годишната Шварц ја „претепа“ 10 години помладата Хансен, која до крајот на мечот беше целата во крв во меч во „Инвикта ФЦ 28“ во Солт Лејк Сити. Ова е втор професионален триумф за Шварц, која има прекар „Мис Америка“.

Scroll to Top