Top Sport

Австралиец испиша историја во НБА лигата

Австралиецот Џош Гиди влезе во историјата на НБА лигата. Гиди стана најмладиот играч со трипл-дабл во најсилната лига во светот.

Гиди (19), во поразот на Окалхома од Далас (86:95), забележа 17 поени, 13 скока и 14 асистенции. Австралиецот го урна рекордот на Ламело Бол од минатата сезона.

Гиди, до овој рекорд, дојде по само неколку дена откако забележа дабл-дабл без постигнат поен, тој имаше двоцифрен број на скокови и асистенции, по десет.

Младиот Австралиец оваа сезона има просек од 10,8 поени, 6,1 скок и 7,1 асистенција.

Scroll to Top