Во 10. коло од Евролигата Асвел, во трилер-натпревар, со две продолженија доживеа пораз од Баерн Минхен 100:101.
Со овој натпревар Асвел ја отвори новата Арена, која изгледа навистина спектакуларно.
Изградбата на ЛДЛЦ арената чинеше 140.000.000 евра, а капацитетот кога се игра кошарка е 12.523 седишта.
Новиот дом на кошаркарите на Асвел беше отворе непосредно пред почетокот на натпреварот, а Тони Паркер, сопственикот на Асвел меѓу другите, ја пресече лентата.
Кога станува збор за самиот натпревар, тој беше навистина историски, како што доликува на отворањето на една ваква прекрасна сала.
𝗜𝗧 𝗙𝗘𝗘𝗟𝗦 𝗟𝗜𝗞𝗘 𝗛𝗢𝗠𝗘🏠@LDLCASVEL premieres its new arena prior to Round 10 game🤩 pic.twitter.com/1RABjCHeSR
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 23, 2023
Асвел испушти 12 поени предност во последната четвртина, Баерн направи пресврт и успеа да избори продолжение.
Баерн имаше +6 во дополнителните пет минути, како и +3 и два шута за Карсен Едвардс на неполна минута до крајот.
Но Баварците не успеаја да ја завршат работата. На 11 секунди до крајот по забивањето на Ловерњ, Асвел дојде до 88:85, но Вајлер-Веб на шест секунди до крајот погоди тројка и избори уште едно продолжение за Баерн.
Асвел подобро влезе во овој период од натпреварот, имаше предност од пет поени, која не успеа да ја сочува. На 50 секунди до крајот резултатот беше 100:100. Откако двата тима не реализираа по еден напад, Асвел тргна во напад за победа, но Ловерњ на две секунди до крајот трган на полужување и направи фаул во напад.
Нилс Гифај, погоди едно од двете слободни фрлања за конечен триумф на Баерн.
Ловерњ и Скот беа најефикасни кај Асвел, поен помалку постигна Луваву-Кабаро, а Ли реализираше 19 поени.
Баерн го предводеа Болмаро и Букер со по 16 поени, а Гифај и Ибака постигнаа по 14 поени.