Драган Бајиќ ќе остане на селекторската позиција на кошаркарскиот национален тим и за претквалификациите за ЕП 2025 кои почнуваат следниот месец. Македонија доби група во која се уште и Словачка, Данска и Норвешка.
Селекторот очекува нашата репрезентација да игра во комплетен состав за да може да стигне до планираната цел.
„За нас како Македонија е важно добро да се подготвиме и да бидеме комплетни, зашто само така ќе бидеме конкуретни. Словачка ни е добро позната, но другите две репрезентации се непознаница за нас. Данска игра брза кошарка, со многу шутеви, а Норвешка ни е комплетно непозната, но ќе имаме доволно време за анализи“, изјави селекторот Драган Бајиќ.
Репрезентацијата на Македонија прво ќе ѝ гостува на Данска (23 август), а три дена подоцна ќе ја пречека Словачка (26 август).